Моес во живо го следел настапот на Коке

Коке веќе подолг временски период важи за голема желба на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед

Спортскиот директор на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Жозе Луис Каминеро, потврди дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Моес во живо го следел последниот натпревар од групната фаза од ЛШ, против екипата на Порто, но не можеше да даде конкретен одговор која е вистинската причина за неговата посета.

“Според мене, Моес е тука за да анализира тимот на Атлетико (М), кој како и Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во следната 1/8 финална рунда од Лигата на шампиони. Точно дека разговаравме по натпреварот, но не ми ја кажа точната причина за неговата посета”, изјави Каминеро.
Англиските и шпанските медиуми пак се убедени дека вистинската причина за посетата на Моес е младиот играч за врска Коке, кој веќе подолг временски период важи за голема желба на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, но истата може да биде реализирана само доклку “црвените ѓаволи” испратат официјална понуда не помала од 35 мил. евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.