Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изрази денеска загриженост поради зголемените тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја, додавајќи дека ЕУ и Кина се подеднакво одговорни за смирување на ситуацијата на Корејскиот полуостров.
Според неа, одговорноста се однесува на принудување на Пјонгјанг да ги исполни своите меѓународни обврски и повторно да почне да соработува со меѓународната заедница и да работи на „денуклеаризација“ на Корејскиот полуостров.
– Сите се свесни дека кризата со Северна Кореја ќе предизвика глобално спротивставување во ставовите, истакна Могерини.
Таа нагласи дека Кина се наоѓа во регион во кој постои опасност од нуклеарна војна и затоа е важно заедничко дејствување, со цел да се спречи дополнително влошување на ситуацијата.