Могерини: Миграцијата е глобален проблем и не влијае само на Европа

Могерини во посета на Приштина

Миграцискиот феномен има глобален карактер и не влијае само на Европа, изјави синоќа во Рабат високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, на крајот од средбата со министерот по прашањата за Магреб, Африканскиот сојуз и Арапската лига Абделкадер Месахел, јави ТАСС.

Могерини истакна дека работата по тоа прашање ќе продолжи „во духот на планот за партнерство и обострана соработка“.

При разговорот Могерини и Месахел се договориле да се создаде двостран механизам за дијалог во сферата на безбедноста, со цел борба против тероризмот.

– Механизмот ќе биде сличен на оној што го поврзува Алжир со другите партнери во светот, наведе Месахел, нагласувајќи дека неговото создавање „покажува проширување на соработката меѓу двете земји“.