Могерини во Брисел ќе ги пречека западнобалканските челници

Како што соопшти прес-службата на високата европска претставничка, предвидено е Могерини да организира работна вечера со премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на која ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Целта на оваа нова средба на високата претставничка на ЕУ во форматот „западнобалканска шесторка“ на највисоко ниво, е зајакнување на соработката и размена на мислења за регионални теми, се наведува во соопштението.

Според најавите, се очекува европските претставници и премиерите од Западен Балкан да разговараат за европските перспективи на регионот и регионалната соработка.

Предвидено е пред вечерата Могерини да има и билатерални средби со некои од западнобалканските премиери.