Мохамeд ал-Башир именуван за привремен сириски премиер до март

Мoхамeд ал-Башир е назначен за премиер на преодната влада на Сирија до 1 март 2025 година, потврди самиот тој во телевизиско обраќање во вторник.

Ал-Башир ја предводеше таканаречената Влада на националниот спас на исламистичките сунитски бунтовници и сојузниќки протурски и џихадистички фракции во северозападна Сирија кои брзо го заземаа главниот град Дамаск. Според Западот, стаува збор за „молскавична“ операција со која е соборен режимот на шиитскиот претседател Башар ал-Асад, додека според неговиот сојузник Русија, станува збор за дововорено мирно препуштање на власта откако Асад се повлекол од функцијата и заминал во Москва.

Два извора блиски до бунтовниците рекле за Reuters дека командата на бунтовниците им наредила на своите борци да се повлечат од градовите и распоредила милиција и „сили за внатрешна безбедност“ поврзани со Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), главната џихадистичка група, поранешната Џебхат (Фронтот) ан-Нусреа односно сириското крило на глобалната џихадистичка терористичка мрежа Ал Каеда, која и го започна бунтот на сунитското мнонзинство во 2011 година со поддршка на околните сунитски монархии.

Додека во Дамаск атмосферата сè уште е во славеничко расположение на бунтовниците, премиерот досегашната сириска влада Мухамед Џалали во понеделникот се согласи да ја предаде власта на исламистичката „Влада на спасот“, чиешто седиште е на територијата под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија.

Главниот командант на HTS, Aхмед ал-Шара, попознат како Абу Мухамед ал- Џолани, се состанаl со Џалали и потпретседателот Фајсал Мекдад за да разговараат за преодната влада, изјавил за Reuters извор запознаен со разговорите. Џалали притоа посочил дека предавањето на власта може да трае со денови.