Принцот од Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, сака да стане сопственик на Манчестер Јунајтед, а за да го наследи досегашниот фронтмен на „црвените ѓаволи“, тој понуди нереални четири и пол милијарди евра.
Сепак, неговите намери ќе бидат тешко реализирани ако му се верува на потпретседателот на клубот, Ед Вудвард.
Колку што знам, семејството Глејзер нема намера да го продаде клубот. Тие неодамна изнесоа долгорочни планови и колку што знам, нема нова специфична понуда за купување на Манчестер Јунајтед, истакна Вудвард.
Познато е дека до сега саудискиот принц веќе понудил одредена сума пари за да го купи тимот од „Олд Трафорд“, тоа беше бројка од три милијарди евра, но истата веднаш беше одбиена.
Поради ова, Бин Салман значително ја зголеми својата понуда и останува да се види како семејството Глејзер, кое во моментов е сопственик на „црвените ѓаволи“, ќе реагира на оваа понуда.