Мојес не е дораснат ниту за Баер од Леверкузен

Раководните лица на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен експресно ја негираа пласираната шпекулација дека веќе оставриле контакт со агентот на сега веќе поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес и дека му ја понудиле тренерската фотеља на “Бај Арена”.

„Многу се инвентивни новинарите во Германија и Англија но нема ништо точно во пласираната шпекулација. Како да оставитме контакт со агентот на Мојес, кога менаџерот пред само 20 часа доби неочекуван отказ. Точно дека сме во потрага по нов тренер, но можно е да ја продолжиме и соработката со актуелниот предводник на Баер, Саша Левандовски,”изјави потпаролот на популарните „фармацевти”.

Моментално четвртоплаисраниот тим во германската Бундес лига е во потрага по малд тренер и тренер кој ќе прифати годишна плата од 1.2 мил. евра.