![mojes za van peris](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/mojes-za-van-peris.jpg?resize=615%2C400&ssl=1)
Иако со носилки беше пренесен во клупската соблекувална и од таму ги проследи последните неколку минути од реванш 1/8 финалниот дуел против Олимпијакос, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс потврди дека повредата која ја заработи стрелецот на трите погодоци, Робин ван Перси не е од посериозна природа.
„Не изгледа толку лошо. И јас бев исплашен, помислив на најлошото. Го видов пред неколку минути и можам да кажам дека не е толку страшно. Доби незгоден удар во пределот околу коленото, не знам каде точно, но таму чуствува болка. Можно е да станува збор за удар колено во колено. Ретки се тие фудбалери кои можат да постигнат хет-трик на еден натпревар од Лигата на шампиони. Ова е нешто фантастично, фантастичен хет-трик на Ван Перси. Се надевам дека во најбрз можен рок повторно ќе ги имам на располагање неговите услуги”, изјави менаџерот на Јунајтед, Дејвид Мојс.