Видно разочаран порди непријатната елиминација во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс по натпреварот во Минхен изјави дека и на малите деца им е јасно дека не смеат да примат погодок веднаш откако ќе ја затресат противничката мрежа.
“Можам да кажам дека сум задоволен од играта на моите фудбалери, но тие мали грешки, кои ги направивме во второто полувреме се покажаа како пресудни за нашата елиминација. Постигнавме погодок, но после 30 секунди му дозволивме на противникот да постигне израмнувачки погодок. Дури и на деца од предшколска возраст им е јасно дека не смеат да примат погогодок веднаш откако ќе ја затресат противничката мрежа. Моравме да издржиме најмалку 10 минути, но Баерн Минхен веднаш постигна израмнувачки погодок. Не знам дали имаше пад на концентрацијата, но мислам дека сме доволно искусни и дека не смееше да се случи тоа што ни се случи. Во ниту еден момент не помислив дека сме елиминирани, бев убеден дека ќе постигнеме уште еден погодок, но Робен стави крај на сите дилеми’, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.