МОК со изборно собрание за смена на претседателот Димевски

Македонскиот олимписки комитет ќе одржи изборно собрание на 8 февруари, со главна точка на дневниот ред – смена на сегашниот претседател Даниел Димевски и избор на негов наследник.

МОК има задача за подготовка и учество на спортистите од државата на Летните и Зимските Олимписките игри. Едно од имињата кое се вртеше за можен прв човек беше она на Живко Мукаетов, но по се изгледа дека за оваа позиција не е заинтересиран. Едно од имињата кое се споменува е тоа на пливачот Александар Маленко кој повеќе пати искажувал амбиции за оваа позиција.

Актуелниот претседател Даниел Димевски раководи со македонското олимписко движење од ноември 2020 година, кога беше избран за наследник на Васил Тупурковски, кој 28 години беше на чело на МОК.