Молдавија го затвори својот воздушен простор

Властите во Молдавија донесоа одлука за затворање на нивниот воздушен простор, јавуваат светските медиуми. Засега не е позната причината за таквата одлука.

Сите претходно закажани летови се откажани или пренасочени.

„Воздушниот простор на Модлавија во овој момент е затворен. Чекаме продолжение на летовите. Денешниот распоред ќе биде изменет“, соопшти компанијата „Ер Молдова“.

Според првичните информации, воздушниот простор над земјата ќе биде затворен до 16 часот по локално време.