Молдавија почнува да купува американски LNG преку Грција

Молдавскиот снабдувач со гас „Energocom“ во понеделникот соопшти дека ќе ги снабдува своите клиенти со пробни количества течен природен гас (LNG) со потекло од САД.

Молдавија се потпира речиси исклучиво на рускиот гас според договорот со „Газпром“, но ги засили напорите за диверзификација по инвазијата на Москва на соседна Украина пред две години.

„Energocom“ во соопштението соопшти дека ќе купува LNG од пловечкиот терминал во Александрополис во соработка со грчката државна компанија „DEPA Commercial“.

„Во понеделник и вторник во пристаништето Александрополис ќе купуваме по 14.000 MWh природен гас секој ден. Вкупниот број е околу 28.000 MWh, што е еквивалент на 2,6 милиони кубни метри“, изјави Виктор Бинзар, в.д. директор на „Energocom“.

Компанијата веќе ја тестираше рутата за увоз од Грција, купувајќи мала количина гас во 2023 година.

Молдавија во моментов не купува гас од Русија, но нејзиниот отцепен уште од 1990-те кога Кишињев имаше намера да се присоедини на Романија, со мнозинско руско и рускојазично население – Придњестровје се потпира на руските енергетски испораки.

Вкупната побарувачка за гас изнесува нешто повеќе од три милијарди кубни метри годишно.