Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се уште молчи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче молчи 48 часа по објавување на фактите.
Филипче пет стана не пријавил како министер, а сега како пратеник ги пријавува, иако ги имал кога станал и министер.
Филпче, односно неговите анкетни листа од 2018 година и 2024 година, кажуваат едноставна работа. Имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер.
Дополнително, имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а нема ниту информации за приходи од продажба.
Поточно, недвижниот имот на Филипче пријавен во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Недвижниот имот пријавен во 2024 година, а стекнат пред 2018 година тежи над 700.000 евра. Ако се собере целиот имот на Филипче чини околу 1.3 милиони евра.
Ова отвора многу дилеми и прашања.
Зошто Филипче не пријавувал имот кој го поседувал како министер, зошто истиот го пријавува како пратеник, што се крие Филипче?
Надежните институции не смеат да молчат. Филипче беше министер, сега е претседател на СДС.
Антикорупциската комисија и јавното обвинителство треба час поскоро да реагираат и да ги испитаат информациите, стои во соопштението на владејачката партија.