Молотови коктели фрлени врз северноирската полиција пред посетата на Бајден

Неколку маскирани напаѓачи нападнале во понеделникот во Лондондери полицајци со Молотови коктели и други предмети, на парадата против мировниот договор склучен на Велики петок 1998 година, објави полицијата ден пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Белфаст.

Фоторепортерот на агенцијата Reuters забележал четири млади лица во Креган, кварт во кој се во мнозинство ирските католички националисти, како фрлаа импровизирани бомби врз оклопните возила на полицијата. Полицијата соопшти дека нема повредени и апелираше на мир.

„Нашите полицајци се нападнати во Креган го Молотови коктели и други предмети фрлени врз нивното возило… Засега нема повредени“ се наведува во полициското соопштение.

Во понеделниот се одбележуваат 25 години од потпишувањето на мировниот договор на Велики петок договор од 1998 година кој главно го сопре меѓуирскиот судри кој кулминираше со претходните тридецениски терористички напади и атентати во кои беа убиени речиси 3.600 луѓе, а беа изведувани меѓи протестантските унионисти кои сакаат Северна Ирска да остане дел од Обединетото Кралство и католичките националисти кои сакаат присоединување со Република Ирска, која сега е дел од Европската унија.

Повремените насилства избувнуваат меѓу мали отцепени групи, но експлозиите на автомобили бомби се ретки во оваа покраина со којашто управуваат британските власти.