Момче доби кривична за убиство во обид за претепување малолетник

Скопјанец доби кривична пријава за убиство во обид, откако со метална шипка претепал малолетник, во четвртокот во скопското село Миладиновци, информираше МВР.

Станува збор за К.М. (22) против кого СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела убиство во обид и едно кривично дело насилство. За насилство кривична пријава доби и Ф.С. (20) од Скопје.

Според полицијата, инцидентот се случил на 26.07.2018 година околу 23 часот на фудбалското игралиште во Миладиновци каде со автомобил пристигнале четири малолетни лица Е.К., Е.К., Е.Е. и Е.Д.. Откако излегле од возилото, К.М. се доближил до Е.К. и почнал да му се заканува. Потоа, тој го повикал Ф.С. и уште десеттина непознати лица и физички ги нападнале малолетниците. Тројцата од нив успеале да избегаат со автомобилот до домот на Е.К. и го известиле неговиот татко Б.С. дека биле физички нападнати. Потоа сите четворица со возилото се вратиле кај игралиштето.

Кога излегле од возилото, кон нив тргнала поголема група, а К.М. го нападнал Е.Е. удирајќи го со шипка во главата. Ф.С. заедно со другите лица физички ги нападнале Е.К., Е.Е. и Е.Д., Е.К и Б.С., кои успеале да избегаат со возилото. Тие веднаш отишле во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. Кај Е.Е. била констатирана тешка телесна повреда, додека кај Е.Д. и Е.К. биле констатирани телесни повреди. Набргу потоа К.М. и Ф.С. биле лишени од слобода.