
Синоќа околу 22 часот во Скопје на улица „Кеј Димитар Влахов“, У.Ш. (20) од село Студеничани, скопско бил физички нападнат од страна на неколку маскирани лица, кои со физичка сила и остар предмет му нанеле повреда во пределот на стомакот.
Од страна на лекар од Градската општа болница му биле костатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.