Млад маж од скопскот село Арачиново е тешко повредено во сообрачајна несреќа во петокот, откако околу пладне со својот атомобил излетал од коловозот, удрил во собраќаен знак и потоа во дрво, информираа во саботата од Министерството за внатрешни работ.
Инцидентот бил пријавен околу 11:20 часот во СВР-Скопје кога било јавено дека на булеварот „Александар Македонски“ патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистерски таблици, управувано од 25-годишниот А.А. од селот Арачиново скопско, излетало од коловозот и удрило во сообраќаен знак, а потоа и во дрво.
Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.