Момче од Велес пронајдено мртво во Охрид

Момче од Велес било пронајдено мртво во Охрид, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 10.45 часот било пријавено дека во куќа на улицата Питу Гули бил пронајден починат А.Д.(26) од Велес. Тој таму живеел како потстанар. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.