Момче почина во пожарот зад „Рамстор“

Три лица се повредени, а едно 25-годишно момче почина во пожарот што попладнево се случи во сервисот за мотори „Тјунинг“ на улицата „Јордан Мијалков” во Скопје.

Според информациите од полицијата, додека вработените правеле сервис на мотор, во еден момент експлодирала плинска боца.

Противпожарните екипи интервенирале со осум возила и 22 пожарникари, но и покрај обидите не успеале на време да го извлечат и спасат загинатиот.