
Дваесет и четири годишниот К.Г. вчера околу 13:30 часот бил пронајден избоден во пределот на стомакот во купатилото од сопствената куќа во кочанско Зрновци.
Истиот во бесознание е пренесен во Општа болница Кочани, од каде, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клинички центар Скопје, информираат од МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.