Момче се обидело да се самоубие со бесење

Дваесет и тригодишно момче од Скопје се обидело да се самоубие со бесење. Тој се врзал со шал и се обесил, но бил однесен во болница и спасен. Моментно се наоѓа во животна опасност, соопштува МВР.

На 27 декември, годинава, во околу 14,50 часот од медицинско лице од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесен Е.Б. (23) од Скопје кој најверојатно се обидел да се самоубие со бесење со шал во подрумската просторија од куќата каде што бил под кирија. Истиот е во животна опасност, се вели во полициската информација.