Момче загина во сообраќајка во прилепско

Автомобил во понеделникот утрото излетал од патот Битола – Прилеп, а дваесет и тригодишно момче починало на лице место, известија од министерството за внатрешни рабити.

Момчето коешто е идентификувано со иницијалите К.Ј., од селото Секирци, починало рано утрото откако со своето возило „сеат ибица” излетало од патот меѓу селата Тополчани и Алинци.