Дваесет и двегодишен прилепчанец загина вчеравечер во сообраќајна несреќа која се случила на улицата Кеј 1 – ви мај во Прилеп.
Како што пишуваат медиумите, младиот Б.Ц. управувајќи моторцикл „хонда“ изгубил контрола, удрил во банкината од улицата и паднал. Од здобиените повреди починал на самото место.