Во една од ќелиите на затворот во Куманово, во околу 22:00 часот починал 22 годишниот Л.М, жител на населбата Арбериа во Куманово.
Според роднините на починатиот, пишува Алсат, тој во текот на ноќта почуствувал болки, и во отсуство на ноќна смена на лекарите од затворот, тој се напил лекови од другите затвореници.
Затворските власти и полицијата се уште го немаат потврдено случајот, но неофицијално се дознава дека стражарите не повикале Брза помош на време.