![Image](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/Image.jpg?resize=300%2C172&ssl=1)
Едно момче загина при стравична сообраќајна несреќа на српскиот булевар Крал Александар. Момчето прво било удрено од трамвај, а кога слетало на патот, го удрило возило на Брзата помош.
Лекарите реагирале веднаш, но можеле само да констатираат смрт.
Како што дознаваат српските медиуми, станува збор за 22-годишно момче.
Грозоморна слика, велат минувачите. Улицата е со крв, траги од крв има и на трамвајот и на возилото кое смртно го удри момчето.