Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ покажаа голема борбеност и патриотизам во Парламентот додека траеше расправата цел месец и половина, и допрва ќе покажуваат, вели доктор Момчило Аврамовски, поранешен пратеник, во изјава за порталот Курир.мк.
„Со повикот да се затепале и со тоа дека ќе го запреле сценариото направено однадвор, од надворешни моќни центри, само ќе го закопаа ВМРО, а сценариото ќе се реализираше во друга просторија, во или надвор од Парламентот. Сите после ќе кажеа дека ВМРО ги започна тепачките“, потенцира Аврамовски.
Приказните, додава тој, дека Груевски најавил „жестока реакција на ВМРО ако СДС одбере незаконски избор во Парламентот, е причина за тепачките и дека тој го поттикнал народот, не држат“.
„Груевски е водач на политичка партија, а не началник на генерален штаб. Тој може да најави и реализира жестока политичка реакција, која и ја имаше, и на улиците од мотивираниот народ кој протестира и во Парламентот каде пратениците лавовски се бореа. Водач на партијата во една држава не повикува на вооружена борба или конфликт со тепање или пукање, и која така го разбрал погрешил“, истакнува Аврамовски во изјава за Курир.мк