Министерството за образование и наука распишало оглас за вработување на помлад соработник во Секторот за јавни набавки на Министерството.
Во „посебните услови“ што треба да ги исполнува совршениот кандидат за позицијата која ќе му носи месечно 21.987 денари, наведено е дека се бара лице кое поседува квалификации од правните науки, политичките науки или кинезиологија.
Кинезиологијата е наука за движењето на енергиите во човечкото телото.