Учебникот по социологија за втора година ќе се ревидира следната година. По низата критики за содржината на учебникот Министерството за образование соопшти дека тој повторно ќе се печати и дистрибуира до училиштата. Изненадени се од фактот што во 2017 година ниту еден наставник не доставил забелешки за учебникот во кој се дискриминира жената тврдејќи дека ако таа е затворена дома, нема да има можност да прави кривични дела.
Погоре во него пишува и дека, прељубата е кривично дело, а абортусот криминал.
Забелешки за овој учебник неодамна беа доставени од Бирото за развој на образованието, по барање на МОН за проверка на содржината на учебниците со цел осовременување на истата, особено на оние кои се користат во гимназиското образование( бидејќи се одобрени во периодот од 2001 до 2006 година), се вели во соопштението од Министерството.
Поранешниот заменик министер за образование Петар Атанасов проблемот го лоцира во немањето Закон за учебници. Нивната содржина не ги поминува потребните филтри. Во конкретниот случај одговорност треба да понесат не само авторите, туку и рецензентите.
Поради грешки во учебниците во минатото беа најавувани многу ревзии, но резултатите никогаш не беа обелоденети. Црвениот аларм во обазованието е вклучен одамна, а надлежните институции наместо со дела се фалат само со декларативни заложби. За тоа какво обазование имаме говорат поразителните подтаоци од светските истражувања за знаењата на учениците, како што беа во последната студија ПИСА.