МОН ги објави резултатите за стипендии за магистерски студии – доделени 34 од предвидените 50 стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) пред два дена ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии за академски студии од втор циклус за академската 2023/2024 година.

Од МОН предвидоа 40 стипендии за студенти на природно-математичките науки, а 10 за општествените науки. Но, од предвидените 50, доделени се вкупно 34 стипендии.

Објавувањето на резултатите за стипендиите доцнеше неколку месеци, а ресорното министерство на 20 мај најави дека ќе бидат објавени таа недела.

Предвидени се и 15 стипендии за студентите на докторски студии во висина од 18.000 денари, но резултатите сè уште не се објавени.