Затворен е уште еден приватен Институт, Лаор од Тетово. Се регистрирал како научен институтот, а функционирал само како приватна лабораторија
Како што изјави министерката за образование Весна Јаневска, МОН продолжува со проверки на стандардите според кои досега работеле високообразовни установи. Во иднина ќе се мониторира и начинот на кој се добиваат дипломите и магистратурата преку измени во законот за високо образование.
„Ќе го продолжиме процесот на оптимизација, едносменска настава. Анализа се прави на 100 објекти за една смена. Преку светска банка обезбедуваме 500 милиони денари. Ќе има повисоки плати во високото, основното и средното образование“, изјави меѓу другото Јаневска.
Министерката најави реформи и менување на сите кабинетски одлуки кои биле носени во минатото на штета на учениците и оцени дека дека учениците на 15 г. возраст заостанувале дури 3 години со знаење во споредба со нивните врсници од европските земји.