
Министерството за образование и наука утре од Државниот просветен инспекторат ќе побара да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање и дејствување во училиштата заради расчистување на било какво сомневање околу прекршување на законските одредби од областа на образованието, во врска со случувањата од 06.01.2018 година кога групи деца учествуваа во верски манифестации во повеќе градови во Македонија.
Ова денеска го соопштија од МОН.
Оттаму велат на граѓаните им се гарантира правото на здружување и слободата на вероисповеста, но во Законот за основно училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување, а наставниците се должни да ја следат програмата утврдена од Министерството.