МОН: Не се одобрени плановите за одработување на пропуштената настава

Министерството за образование и наука информира дека сеуште не се одобрени плановите за одработување, односно надоместување на пропуштените наставни денови во дел од училиштата во земјата, каде што во изминатиот период имаше бојкот на наставата.

Од МОН велат дека тоа се однесува и на плановите кои ги изготвија и доставија училиштата од општина Куманово, кадешто одлуката за одржување на настава во текот на утрешниот ден е иницијатива исклучиво на локалната самоуправа и на директорите на училиштата на нејзина територија.

Во таа насока, Министерството апелира до директорите и училишните раководства да се воздржат од самоиницијативност и носење на лични одлуки за одработување на пропуштените наставни денови, додека не добијат официјални насоки од Министерството за образование и наука.