МОН одлучи: Oнлајн настава кога има дојави за бомби

На учениците им се дава еден час да стигнат дома и да се вклучат на настава.

Министерството за образование одлучи да се организира онлајн настава во деновите кога во училиштата има дојави за поставени бомби. Цел на ваквата одлука е да не се губи преостанатиот дел од денот.

За ова се информирани  општините и сите училишта.

Според насоките дадени од МОН на учениците им се дава еден час да стигнат дома и да се вклучат на настава.

Вчера и родителите добија порака во која се бара од нив да ги проверат профилите на своите деца на тимс платформата на која онлајн настава се следеше и за време на пандемијата од корона вирусот.

Во дописот кој МОН го испратил до основните и до средните училишта биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.