Две години откако преку законски измени се укина екстерното тестирање сега Министерството за образование и наука подготвува нов концепт за проверка дали оценките на учениците дадени од нивните наставници го одразуваат нивното реално познавање на наставниот материјали.
Под работно име „Национално оценување“, МОН развива концепт за проверка на знаењето на учениците, најавува министерот Арбр Адеми.
„Концептот ќе се развива нам ни треба објективна, реална слика којашто нема да влијае во насока на казнување на наставниците. Ном ќе влијае на креирање на образовни политики. Од тие резултати од Националното оценување, од резултати од меѓународните тестирање ќе имаат влијание и врз креирањето на националните политики во образованието“, вели министерот за образование, Адеми кој сепак кога ќе почне примената на новиот начин за проверка на знаењето на учениците во основните и средните училишта.
Адеми вели се водат дебати низ целата држава околу новиот концепт, но и општо за реформите во образовниот систем во земјава.
По информациите за бројката на одлични учениците од основните училишта кои минатата недела аплицираа за запишување во средно во јавноста се отвори прашањето дали петките што ги добиваат учениците се реални. Во јавноста се поставува прашањето како е можно на толку голем број на „скроз“ одлични ученици македонската младина да остваруваат слаби резултати на меѓународните тестирања, како ПИСА со кое се опфатени учениците на 15 години.
Новото „екстерно“ нема да влијае на успехот на учениците
Концептот што го подготвува работна група во МОН, како што неодамна откри заменик министерот за образование во оставка, Петар Атанасов ќе се спроведува двапати во текот на основното образование. Едното тестирање ќе се спроведува во четврто одделение, а второто во деветто примерот на словенечкиот модел.
Тестирањето ќе го спроведува Државниот испитен центар, а оцените добиени нема да влијаат на крајниот успех на учениците, ниту пак ќе бидат причина за казна на наставниците.
Претходниот концепт на тестирање на реалното знаење на учениците беше во примена шест години по ред во основните и средните училишта. Се укина пред две по предлог на тогашната министерка за образование, Рената Дескоска како едно од главните ветувања на СДСМ во пресрет на парламентарните избори во декември 2016 година.