Министерството за образование и наука (МОН) тврди дека во неделата во училиштата во Македонија немало партиско гласање.
-Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација. Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Македонија, се вели во демантот на МОН.
-Со Законот за основно образование, во основните училишта се забранува партиско и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја. Оваа Влада и Министерството за образование и наука ги користат училиштата за дејноста за којашто се наменети – за спроведување на воспитно-образовниот процес. Министерството за образование и наука апелира политичките партии да не го инволвираат образованието во дневните агенди, додаваат од МОН.