Монако победник во трката по Виктор Валдез

Моментално второпласираниот тим во француската Прва лига, Монако, најверојатно ќе излезе како победник во трката по потписот на првиот голман на каталонскиот гигант Барселона, Виктор Валдез.

Репрезентативецот на Шпанија ги одби сите понуди за продолжување на соработката и веќе изјави дека ќе си замине од „Ноу Камп” на крајот од актуелната сезона.

Француските медиуми се убедени дека сопственикот на Монако, рускиот бизнисмен, Димитри Риболовлев има постигнато договор со агентот на Валдез и искусниот голман на стартот од летниот преоден рок ќе го потпише понудениот четиригодишен договор кој пак му гарантира годишна заработувачка од шест милиони евра.

Освен Монако, голем интерес за чуварот на Барселона, покажаа англиските премиерлигаши Манчестер Сити и Ливерпул.