
Најинтересниот неделен натпревар од 22-то коло од француската Прва лига, дерби пресметката на „Луи Втори” помеѓу вечните ривали Монако и Олимпик од Марсеј, заврши со сигурен триумф на домаќинот од 2:0.
Освоените три бод имаат дуполно значење затоа што истите се освоени без помошта на најдобриот фудбалер Радамел Фалкао кој пред неколку дена ги скина лигаментите во левото колено и нема да биде во комбинација за игра во следните шест месеци.
Резултати: Лион – Евијан 3:0, Бордо – Сент Етјен 2:0, Монако – Марсеј 2:0.