Монца го носи Единсон Кавани

Новиот италијански прволигаш Монца сериозно се засилува за претстојната сезона во Серија А. Откако спортскиот директор Адријано Галијани ги договори Матео Песина, Стефано Сенси и неколку други искусни играчи, сега клубот му понуди договор и на Единсон Кавани.

Уругваецот е без клуб откако му истече договорот со Манчестер јунајтед. Тој има голема желба да се врати во Италија, каде се прослави играјќи за Палермо и Наполи.

Амбициозната Монца може да биде негова следна дестинација, бидејќи Галијани веќе преговара со неговите менаџери. За време на својата кариера во Серија А, Кавани постигна 112 голови на 212 натпревари за Палермо и Наполи.