Европската централна банка (ЕЦБ) со подигнувањето на каматните стапки го следи поедноставениот рецепт за справување со инфалцијата кој може да донесе повеќе штета отколку полза, предупреди во средата италијанската премиерка Џорџа Мелони.
На јунската седница на своите челници ЕЦБ повторно ги зголемија каматните стапки во еврозоната, на највисокото ниво во 22 години и соопштија дека речиси сигурно повторно ќе ги зголемат и во јули, имајќи предвид дека инфлацијата ќе остане на целените 2 отсто до крајот на 2025 година.
„Треба решително да се бориме против инфлацијата, но многумина сметаат дека поедноставениот рецепт со зголемување на каматните стапки кој ЕЦБ го следи не е добро решение. Мораме во пресметката да го вклучиме ризикот дека континуираното би можело повеќе да им наштети економии отколку инфлацијата, дека лекот на крајот би можел да направи поголема штета отколку самата болест“, вели италијанската премиерка.
Подигнувањето на каматните стапки ги подигнува трошоците за сервисирањето на италијанскиот јавен долг и би можело, како што стравуваат во Рим, повторно да предизвика рецесија.
Италијанската премиерка Мeлони се надоврза на низата членови на нејзината влада коишто ја критикуваа ЕЦБ од почетокот на циклусот на заострување на монетарната политика во јули минатата 2022 година.
Министерот за природна средина и енергетика Џилберто Пикето Фратин изјави, исто така, во средаа дека „претераното“ подигнување на каматните стапки на ЕЦБ би можело да предизвика ефект на бумеранг. Министерот за надорешни работи Антонио Тајани изјави дека подигнувањето на трошоците за задолжувањето „не е во интерес на (економскиот) раст“.
Мелони, зборувајќи во долниот Пратеничкиот дом на италијанскиот парламент пред самитот на Европската унија во Брисел, рече дека инфлацијата не го предизвикала прегрејувањето на европската економија, туку надворешните фактори, како што се војната во Украина која ги поттикнале растот на цените на енергијата.
Претставниците на Италија во ЕЦБ, членот на управата Фабио Панета и шефот на италиканската централна Банка Игнацио Виско, спадаат меѓу заговорниците на благата монетарна политика во управните совет кој одлуќува за каматните стапки во еврозоната.