Четириесет и тригoдишен осуденик за убиство е осомничен за сексуално искористување на 15-годишно девојче во Хрватска.
Осомничениот на 22.август годинава помеѓу 15 и 17 часот покрај реката Драва сексуално го нападнал малолетното девојче и ја искористувал за снимање на порнографски содржини. 43-годишниот педофил го натерал девојчето да снима со мобилниот телефон додека ја силувал.
Педофилот, годинава бил пуштен од затвор, откако отслужил 9-годишна казна поради убиство кое го извршил во 2003 година.