Монструозно убиство во Смедерево, 61-годишниот Милосав Којадиновиќ ја убил својата невенчана сопруга Живадинка Пауновиќ. Убиството се случилово вчера во раните утрински часови куќата каде живееле под кирија.
Тој ја убил со удар тапиот дел на секира во глава, а кога видел дека дава знаци за живот земал нож и и го пресекол вратот. По тоа ја исчистил куќата, а околу 6,30 самиот се пријавил во полиција.
На инспекторите детално им го опишал убиството, а изјавил дека Живадинка претходната ноќ му најавила дека ќе си замине кај едно од нејзините две деца.
„Ми рече дека не може да живее во сиромаштво, но јас не можев да живеам без неа. Ја молев да остане но не вредеше. Потоа не можев да се смирам и се скаравме. Набргу ја убив,“ изјавил Којадиновиќ во полиција, пренесоа српските медиуми.