Најмалку 35 луѓе смртно настрадале а повеќе од 1,5 милион се погодени од поплави кои ги предизвикаа монсунските доќдови во северна и источна Индија, соопштија во неделата властите.
Најмалку 19 луѓе загинале во уривање на куќи или од струен удар во сојузната индиска држава Утар Прадеш од 10-ти јули, соопшти за медиумите службеник на агенцијата за уоправување со кризни сутуации.
Утар Предеш ја дели границата со Непал, каде што исто така, се регистрирани неколку десетици мртви во природните катастрофи предизвикани од обилните врнежи.
Во североисточната индиска сојузна држава Асама во истиот период смртно настрадале седум луше, во поплавите кои погодиле 25 од 33 тамошни окрузи.
Повеќе од 1,5 милиони жители се погодени од поплавите, соопштија властите. Некои од нив се раселени, а некои не можат да ги напуштат своите домови. Над 20.000 луѓе се насочени кон 234 кампови или центри кои ги отвори владата. Настрадани се и голем број животни и стоки, а уништени се и полињата,
Уште девет смртни случаи кои се поврзуваат со поплавите се пријавени во североисточниот регион, пет во Мегхалаја и два во државите Арунчал Прадеш и Мизорам, во поседлните четири дена, известуваа локалните медиуми.
Метеоролозите предупредуваат нови врнежи во споменатите региони следните неколку дена, па сојузното министерство за внатрешни работи издаде упатства за своите службеници да обезбедат механизми за спасување и давање помош за да им се помогне на жртвите од поплавите.
Секоја година во периодот на монсуните, меѓу јуни и септември, во Индија се случуваат фатални несреќи, како што се уривање згради и ѕидови, бидејќи обилните дождови ги слабеат темели на лошо градените објекти. Заедно со поплавите овие непогоди годишно предизвикуваат повеќе десетици смртни случаи.