Премиерот Зоран Заев презеде одговорност и најави дека се повлекува, тој беше дециден дека поднесува оставка и очекувам дека тоа ќе се случи, а подоцна да се реализира во Собранието, вака е неодржливо, не течат процесите има и притисок од опозицијата и тоа не е во интрес на државата и граѓаните, рече во гостувањето на утринската емисија на Телма, пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин.
Ќе видиме во четврток каква ќе биде одлуката за гласање на доверба на Владата, и колку пратеници ќе обезбеди ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме дел од актуелното мнозинство и нема да гласаме за пад на Владата, на Македонија и е потребна стабилност, особено кога имам сериозна економска криза, како и евроатланските процеси, граѓаните не бараат да одиме од избори на избори, бараат да имаат стабилност и не сметам дека избори се решение, дополни таа.
Според неа самостојното учество на локалните избори на ДОМ е демократски процес, а причината е да се излезе од црно-белиот свет на две партии.