Морачанин и Оџаклиеска непожелни за прилепскиот огранок на ДОМ?!

Претседателката на партијата Демократска обнова на Мадеонија (ДОМ) и пратеник од владејачкото мнозинство Маја Морачанин, заедно со директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски кој е и секретар на партијата, како и заменик министерката Христина Оџаклиеска се обидел со луѓе кои не се членови на ДОМ да направат насилен пуч во Општинската организација на ДОМ во Прилеп во обид да ја превземат општинската организација, стои во реакцијата на прилемските „зелени“ до медиумите.

Според соопштението, навреди и закани биле упатени кон членовите на општинската организација од страна на сопругот на заменик министерката во обид за физички напад.

Мнозинството на членови на општинската организација на ДОМ Прилеп, предводена од претседателот Миле Настески и потпретедателката Николина Талимидџиоска го спречиле, како што се наведува – самоповиканото раководствот од Скопје, на нелегитимен начин да направи нова општинска организација на ДОМ Прилеп со луѓе коишто не се членови, туку се роднини и пријатели на функционери од ДОМ во Скопје.

Ова не е прв ваков обид на раководството од Скопје кое изврши монополизација и скопјанизација на партијата игнорирајќи ги и занемарувајќи ги дваесетина општински организации ширум Македонија, се додава во објавата.

Велат дека раководството на ДОМ, кое останало поддржано само со пет/шест општински организации неодамна на нелегитимен начин ги разрешла со малцински број од Централниот одбор и потпретседателите на партијата Ана Петровска и пратникот Мирослав Богдановски, кои според прилепскиот огранок важат за ревносни борци против урбаната мафија и загадувачите.

„Но изгледа на раководството во Скопје не им одговара во партијата да ги има вистинските зелени борци па се труди на пучистички начин да ги замолчи и угуши целосно општинските организации“, заклучуваат од ДОМ во Прилеп