Боливискиот левичарски претседател Евро Моралес е сигурен во својата победа и во неделата се соглас на одржување нови претседателски избори по објавување на извештајот на Организацијата на американските држави (OAS) чиишто набљудувачи наводно откриле сериозни неправилноста на изборите одржани на 20-ти октомври.
Откако изборната комисија објави дека Евро Моралел победил уште во првиот круг од претседателските избори, започнаа протестите на неговите противници ширум Боливија. Изборната комисија го запре прелиминарното пребројување на гласовите кога првичните резултати навестуваа дека ќе се одржи вториот круг од изборите. Паузата во пребројувањето на гласовите предизвика загриженост на набљудувачите и странските влади кои се противници на левичарот Ево Моралес поради можно местење на изборниот резултат. Во моментот на престанување на обработка на изборниот материјал, Ево Моралес беше во водство со 45,3 отсто пред главниот противкандидат Карлос Меса со 38,2 отсто. Според законот во Боливија, за победа во првиот круг потребни се повеќе од 40 отсто од гласовите и 10 отсто повеќе од првиот следен кандидат. По 24-часовната пауа во објавувањето на резултатите, беа објавени најновите, според кои Моралес има 46,85 отсто од гласовите, а Меса 36,73 отсто. Ваквиот исход му осигури победа на Моралес уште во првиот круг.
„Одлучив, во прв ред, потполно да го обновам составот на Врховниот изборен суд (…), а второ, да распишам нови општи избори, преку кои луѓето ќе можат на демократски пат да изберат нови политичари“, изјави Моралес на прес-конференцијата директно пренесувана од телевизијата ATB.
Моралес, исто така, се обрати до сонародниците повикувајќи ги „да ги намалт тениите“ и „да стават крај на насилствата во полза на сите“.
Во извештајот на OAS објавен во неделата се бара поништување на изборите, откако биле наводно откриени „јасни манипулации“ во гласачкиот систем. „Првиот круг од изборите одржан на 20-ти октомври мора да се поништи и изборниот процес треба повтроно да започне“, наведуваат од OAS во соопштението.
Изборите ќе се одржат штом се постигнат сите услови кои гарантираат продолжување на процесот, вклучително и формирање нова изборна комисија. OAS додава дека статистички е „малку веројатно“ дека Моалес обезбедил преднос од 10 процентни поени за победат против Меса.
Се смета дека вториот круг би бил ризичен за Моралес, која на власт дојде во 2006 година и е првиот боливиски претседател со индијански корени. Тој во неделата ја бранеше својата изборна победа, но рече дека ќе ги прифати заклучоците на ОАS.
По повеќеседмичниот застој, протестите на кои имаше над 380- повредени, ексалираа во текот на викендот кој некои полицајци им се придружиле на демонстрантите во три големи града Санта Круз, Сукре и Кочабам, како и дека ги заземале објекти на државните телевизии. Челниците на полицијата објавија дека нема никаков бунт во редовите на полициските службеници, а властите и војската објавија дека „нема да се сидираат со граѓаните“ поради прашањето за изборите.