Полска го повика во понеделникот ги прозва францускиот претседател Емануел Макрон поради преговорите со рускиот претседател Владимир Путин кого го нарече Хитлер, поради наводните убиства на цивили, истакнувајќи дека „со таквите не се преговара“.
Украина претходно ја обвини руската војска за наводен „масакр“ во киевското предградие Буча, објавувајќи слики од трупови на улиците. Русија ги отфрли овие обвинувања тврдејќи дека ќе ги „документира“ во Обединетите нации, а Пентагон рече дека не може да ги потврди од независни извори.
Полска којашто со Русија има повеќевековно ривалсто и непријателство а во текот на Втората светска војна трпела масакри од украинските нацистички соработници на германскиот нацистички водач Адолф Хитлер, сега како членка на НАТО и ЕУ во повеќенаврати бараше на зоастраување на санкциите против Русија, зголемување на испораките на оружје за Украина, како и активирање на меѓународниот суд за истрага за убиства на украински цивили но не и за убиствата на цивилите од големата руска заедница во Донбас.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на прес-конференцијата во понеделникот му упати остри критики на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Господине претседателе Макрон, колку пати разговаравте со Путин, што постигнавте? Дали запревте барем некоја од акциите кои се случија? Со криминалците не треба да се разговара, против нив треба д се бори… Никој не преговара со Хитлер, Дали би преговарале со Хитлер, Сталин, Пол Пот?“, праша Моравјецки чијашто земја претходно во понеделникот побара од САД да разместат нуклеарно оружје на нејзина територија.
Елисејската палата во својот одговор рече дека е важно претседателот Путин ги разбира барањата на западните земји и цената којашто Русија ќе ги плати ако ги пренабрегне тие барања.
Функционер од кабинетот на францускиот претседател рекол за Reuters дека Макрон „од самиот почеток ги користел сите расположливи средства за да го натера Путин да ја запре војната: силни санкции, поддршка за Украина, барања упетени директно претседателот Путин во текот на нивните телефонски разговори“.
Макрон интензивно одржуваше контакти за да посредува меѓу Путин и Зеленски. Патуваше на почетокот од февраури во Москва и Киева, и со рускиот претседател разговарал 16 пати од почетокот на годинава.
Од Елисејскиот дворец порачаа дека ставовите на двата претседатели во тие разговори биле „многу судрени, но и дека тоа истовремено биле можност да се одржи комуникациите и да се процени ставот на Путин“.
Неименуван француски функционер претходно објавија дека Путин во тие разговори делувал „параноично“, дека „го лажел“ Макрон и дека францускиот претседател му рекол дека направил сериозна грешака со операцијата во Украина од 24-ти февраури.
Путин порача дека Русија своите сили ги испрати во Украина за да го спаси руското и рускојазичното население во југоисточните региони да го спречи обидот на Киев воено да го реши конфликтот во Донбас, како и за „демилиразицијата и денацизација“ на соседната земја која според него треба да биде воено блоковски неутрална и ненуклеарна. Украина и Западот сметаат дека војната не била поттикната со ништо.