Моравјецки го повикува НАТО на конкретни чекори во мигрантската криза

НАТО мора да преземе „конкретни чекори“ за да ја разреши мигрантската криза на белоруската граница, изјави во неделата полскиот премиер Матеуш Моравјецик додавајќи дека Полска, Литванија и Латвија би можеле да побараат консултации во согласност со членот 4 од договорот за Алијансата.

Имено, според споменатиот член 4, секоја земја членка на НАТО може да побара консултации кога, според мислењето на која и да е од нив, е загрозен нејзиниот територијален интегритет, политичката независност или безбедноста.

„Штотуку разговараме со Латвија, а особено со Литванија, дали ќе се повикаме на членот 4 од договорот на НАТО. Не е доволно само јавно да ја изразиме својата загриженост, сега ни се потребни конкретни чекори и доследност на целата Алијанса“, изјави Моравјецки за полската државна новинска агенција PAP.

Неколку илјади мигранти од Блискиот исток, најмногу ирачки Курди, тргнаа кон Белорусија во надеж дека ќе успеат да ја минат границата и да влезат во Европската унија, но заглавија на самаа граница која ја блокра полската армија која постави бодликава жица и започна градење на ѕид. Ситуацијата на мигрантите ја влошуваат многу ниските температури.

Брисел го обвинува Минск дека ја оркестрирал кризата за да изврши притисок врз ЕУ поради санкциите кои ги воведе против негов, но Белорусија тоа повеќепати го отфрли истакнувајќи дека транспортот на мигрантите до земјата го организираат групи од државјани на заепадоевропски земји а не Белоруси. Балтичките земји предупредуват дека таквата ситуација би можела да ескалира дури и во воен конфликт.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој е најблизок сојузник на белорускиот претседател Александр Лукашенко, претходно во неделата во интервју за државната телевизија изјави дека Русија е подготвена да помогне во решавањето на мигрантската криза.

Британската министра за надворешни работи Лиз Трас го повика Путин да „интервенира“ во актуелната, како што ја нарече, „срамна и измислена мигрантска криза“ на границата меѓу Белорусија и Полска на која Велика Британија испрати своја единица.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки за агенцијата PAP, исто така, рекол дека ЕУ следната седмица ќе разговара за дополнителни санкции против Белорусија.

„Секако ќе разговараме за дополнителни санкции, вклучително и целосно затворање на границата“, вели полскиот премиер додавајќи дека ЕУ би требало заеднички да го финансира градењето на ѕидот по должината на границата со Белорусија.