Рускиот претседател Владимир Путин сака да го уништи НАТО, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки по средбата со британскиот колега по должност Борис Џонсон во четвртокот во полската престолнина Варшава.
„Политичката цел на Путин е да го уништи НАТО и од таа причина е да покажаме дека сме единствени“, рече Моравјецки и додаде дека во Алијансата владее силно разбирање во поглед на тензиите на нејзиното источно крило.
Џонсон рече дека ниту Полска, ниту Велика Британија не можат да прифатат свет во кој силен сосед може да заплашува или да ги напаѓа другите. Истакна дека Полска ја има клучната улога во европската безбедност.
„Лекцијата од изминатите стотина години беше дека кога на Полска ѝ се закануваше нестабилност, војна и агресија, тогаш сите беа загрозени“, рече британскиот премеир,
По средбата, двајцата премиери ја посетија касарната во Варшава во која се стационираните британските војници, кои беа испратени пред речиси три месеца како наводно зајакнува на полските сили на границата со Белорусија. Британскиот министер за одбрана Бен Валас во понеделникот објави дека Лондон ќе испрати уште 350 војници во Полска.
Претходно во четвртокот борбените американскиот авиони од типот „F-15“ слетаа во полска воздухопловна база, потврди министерот за одбрана Мариус Блашчак на Twitter. Авионите пристигнаа во Полска во моментот кога повеќе стотици дополнителни американски и британски војници се распоредуваат во Полска, во настојувањата на НАТО да го зајакне своето воено присуство на источното крило под изговор на тензиите со Русија околу Украина.
„Денеска во воздухопловната база во Ласк пристигнаа американските ловци ‘F-15’, тие ќе даваат поддршка на источното крило во рамките на мисијата на НАТО на заштитата на воздухопловнмиор простор“, (Air Policing), објави Блашчак.
Полскиот министер за одбрана не наведува колку авиони слетале во базата во Ласк. Американските авиони „F-15“, исто така, се испратени и во земјите на Балтикот.