
Претседателот на општината на Свијалнац, Предраг Милановиќ изјави за Танјуг дека Велика Морава го пресекла и сопрела сообраќајот на патот Белград-Ниш-Марковац-Свилајнац што ја отежнало доставата на помош во градот.
„Морава е голема и помалку се прелева околу Свилајнац, не го загрозува директно Свилајнац, но Ресава не може да се влее во Морава па се враќа,“ изјави тој.
Покрај Морава, проблем прави и реката Рача, додаде Милановиќ.
Тој додаде дека Свилајнац се уште нема питка вода , а ниту струја. Во многу домови има вода, школите и многу установи не работат.
„Полна е Ресава, полна е канализацијата, па испумпаната вода од куќите се враќа,“ додаде тој.
Милановиќ истакна дека вчера започна собирање на угинатите животни и дека тоа е добро организирано од страна на ветеринарската служба од Калиферије во Чуприја.
Тој истакна дека високиот водостој на Велика Морава уште прети на прекинување на работата во Термоелектраната „Морава“ во Свилајнац.