![IMGP8144 (1280x850)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/IMGP8144-1280x850.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Во Католичкиот храм во Богданци, денеска на празникот на сесловенските апостоли и просветители светите Кирил и Методиј, првпат во Македонија ќе бидат изложени моштите на Свети Кирил.
Во овој католичкиот храм, кој го носи името на солунските браќа, ќе се одржи и света Архиерејска Златоустова литургија, која ќе почне во 10 часот.
Литургијата ќе ја предводи д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, а веднаш по неа ќе се одржи Молебен во чест на Светите Кирил и Методиј.
Секој верник ќе има можност да се поклони пред моштите на свети Кирил.
Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.